Права на корисниците Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:
- да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
- да пристапат до нивните лични податоци и да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци
- Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:
- Во функција на транспарентност, КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ презема обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите личниподатоци.
- Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци.
Барањето за пристап до податоците се доставува во писмена форма во седиштето на КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ или се доставува по електронски пат на погоре назначената електронска адреса на офицерот. КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.
Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.
По барање на корисникот, КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност созакон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења