Сетек е еден од водечките ланци за бела техника, ИТ опрема и потрошувачка електроника во земјава, нудејќи врвни технолошки решенија за секој дом и канцеларија. Во продавницата посетителите ги очекува богат избор на телевизори, компјутери, паметни телефони, мали и големи апарати за домаќинство и уреди за лична нега од најпознатите светски брендови.