Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
- Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор може да се користи при внатрешни истраги или дисциплински постапки, или ако е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.)
Камерите за видеонадзор се инсталирани на делови од објектот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.